Фотографиран исклучително редок црн пантер. Фотографот чекал 6 месеци за да ги направи кадрите

Фотографот Вил Бурард-Лукас објави интересни фотографии на кои се гледа редок див црн пантер под ѕвездено небо.

Му биле потребни цели 6 месеци за да ги направи фотографиите. Пред неколку години Лукас успешно фотографирал црн пантер (популарно име за африкански црн леопард) откако го открил во Кенија. Со оглед на тоа колку е тешко да се наиде на овие посебни видови, не постојат многу фотографии од нив. Но, откако открил каде може да најде ваква прекрасна голема мачка, Лукас  постојано се враќал во областа за уште еднаш да направи фотографии, овој пат под ѕвездите.

– Фотографиите што се комбинација од ѕвездите и животните се навистина предизвикувачки. Потребни ми беа шест недели за да направам неколку слики од хиена и лавови под ѕвездите во Замбија, а тие животни лесно може да се пронајдат. Потребен ми беше цел месец за да добијам уникатна фотографија од црн носорог и ѕвездите во засолниште полно со носорози – вели Лукас.

– Ако ми беше потребен толку голем напор за да ги фотографирам тие достапни животни, тогаш дали би можел да се надевам дека тоа ќе го направам со најреткото и најневеројатното суштество што некогаш сум го сретнал? Животно што ја отелотворува ноќта повеќе од кое било друго. Фотографијата на црн леопард под ѕвездите беше најретката и најтешката фотографија од дивиот свет што некогаш сум се обидел да ја направам. Мојата амбиција беше јасна, но моите шанси да ја направам фотографијата од соништата беа далеку од сигурни – додава Лукас.

Со помош на луѓето од локалната заедница тој отишол во областа и поставил неколку замки со камери. Така, располагал со 5 до 7 камери-замки, а повеќето од нив биле поставени да го фатат токму тој кадар со ѕвездите.

Поминале недели, а потоа и месеци. По 6 месеци планирање, чекање и надевање, упорноста на Лукас се исплатила. Тој на камерата ја открил оваа фотографија.

1

Потоа ги проверил и главните камери, кои успешно ги направиле овие слики.

1
2
4

Извор: Petapixel.com
Фото: Willbl.com

You might also like
Menu