Скандалозно видео: како да се тепаат жените за да знаат кој е газда дома


Абу Ал-Азиз Ал-Казра, социолог од Катар, објавил видео во кое дава упатство на мажите како да ги тепаат своите жени за да им бидат послушни.

Тој во видеото тврди дека не смеат да ги повредат жените, но дека тие мора да знаат кој е газдата.

– Дали е неопходно да ја тепате својата жена? Дали треба да ја тепате секој ден, прашува социологот, а потоа одговара: „Не“.

– Првин морате да сфатите дека вие сте лидер во домот. И лидерот мора да има авторитет, како и менаџер на компанија. Главата на домот мора да одлучи како да ја дисциплинира жената за да се функционира. Дали мажот треба да ја тепа жената? Тој ја дисциплинира од љубов, ја сака. Како што исламот учи да се тепа жената? Како мажот би требало да ја тепа жената?, започнал да објаснува попатно демонстрирајќи на момче.

– Првин, тој мора да ја предупреди, со други зборови, треба да ја советува. Потоа би требало да се воздржи од делење кревет со неа. Ако сето тоа не помогне, тогаш треба, како последно средство, да ја тепа. Ова безболно удирање кое не остава модринки или предизвикува крварење. Премлатувањето кои штотуку го покажав е вистински благ удар. Никако не смеете да ја удирате во лицето, рекол тој.

https://www.dailymail.co.uk/video/news/video-1906742/Video-Qatari-sociologists-guide-Muslim-men-beat-wives.html

Menu