Нема да ви се верува, но постојат: Град на мртви и Град во кој е забрането да се умира

Секој град во светот има нешто што го прави уникатен. Но, некои од нив се толку невообичаени, што многумина понекогаш веруваат дека не постојат.

  1. Град во кој е забрането да се умира

Покрај тоа што е главен град на Свалбард, односно  Шпицбершките Острови, кои се норвешк а прекуморска територија, Лонгјир е и најголемиот град во земјата и  дом на нешто повеќе од 2.000 луѓе.

Во овој град практично е „забрането“ да се умира, иако во него има гробишта. Сепак, не се користат во последните 70 години. Причината за ова е крајно бизарна и има врска со климата во областа. Имено, телата не се распаѓаат поради силни мразови, па затоа честопати се мета на диви ѕверови.

Жителите на еден од најсеверните градови, за кои се претпоставува дека се при крај на својот живот, обично се превезуваат со авион до континенталниот дел на земјата.

2. Град населен со мртви

Градот Колма се наоѓа во американската држава Калифорнија. Има население од нешто помалку од 2.000 жители. Но, гробиштата од територијата на Сан Франциско биле преместени во тој град многу порано, така што денес има само 17. Од таа причина, се наведува дека односот на мртвите и живите е илјада спрема еден

Денес, мотото на овој град е: „Одлично е да се биде жив во Колма!“

Слични Вести
Menu