Откако се возел низ дождовната шума два часа од градот Пукаjпе во ноември 2011 година, пловејќи со кајак 45 минути и пробивајќи ја шумата уште еден час, експертот за термални извори Андрес Рузо стигнал до Шанаи-Тимпишка – реката што врие.
Оваа река, долга 6,5 километри, скриена во Перу – длабоко во срцето на Амазон, ја чува шаман од скриениот духовен центар Мајантајуаку, кој му дал дозвола на Рузо да ја тестира водата.
Водата во Шанаи-Тимпишки е толку жешка што буквално врие и ако животно стапне во неа, буквално се вари. На некои делови достигнува длабочина од околу 5 метри. Температурата на водата, од друга страна, варира од 48 до 93 Целзиусови степени, а калта по должината на нејзиниот брег е толку жешка што не може да се оди бос по неа. Логично објаснување за тоа би било дека во близина има извор на топлина, на пример, вулкан, но Шангај-Тимпишка е оддалечен дури 700 километри од најблискиот. Затоа, точната причина зошто температурата во неа е висока не им е позната на научниците.