Пејачката Александра Пријовиќ, која неодамна се најде во центарот на коментари поради брендираните чорапи, реши на својата публика да и подари два нови сингла по кои ќе следат видеа за кои, според медиумите, издвоила дури 70.000 евра.

Сè треба да биде подготвено до летото, пејачката се надева дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со вирусот.

Пејачката планира да снима видеа на неколку егзотични дестинации, вклучувајќи ги, наводно, Малдивите, каде што не работел никој од нејзините колеги.

Извор близок до Пријовиќ откри дека песните наводно треба да бидат објавени на лето, но и дека пејачката подготвила нешто што досега не е видено на домашната сцена.