Како да го вратите чувството за вкус и мирис по ковид-19?

Првиот симптом на коронавирус најчесто е губење на чувството за вкус и мирис. Состојба позната во медицината како асоманија.

На интернет се појавија многу совети од луѓе кои се обидуваат да го вратат чувството за вкус со ароматична храна. Некои се обиделе да гризат кромид како јаболко. Иако некои од овие постапки изгледаат апсурдни, некои може да бидат и успешни

Доктор Дејвид Росен, оториноларинголог во болницата при Универзитетот „Џеферсон вели дека за побрзо да се врати чувството за мирис, треба да се направи обука за мирис (олфакторен тренинг).
Олфакторниот тренинг ја користи невропластичноста на телото, а тоа е способност на телото да создава нови нервни патишта. Овие методи помагаат да се создадат нови нервни патишта.

Губењето на вкус и мирис е привремено

Ако имате ковид-19 или неодамна сте закрепнале, но сè уште ги немате сетилата за мирис и вкус, д-р Росен препорачува да започнете вежби за враќање на мирисот. Алфа липоидна киселина, додатоци на витамин А и стероидни спрејови за нос без рецепт може да бидат корисни. Олфакторниот тренинг лесно може да се направи дома и помага за враќање на сетилата.
Доктор Росен препорачува да мирисате лесно достапни предмети низ домот и полека да ги совладувате новите мириси. Добро е да започнете со мирисот на кафето, парфемот, цитрусите или различните видови есенцијални масла, а потоа да преминете на новите мириси. Нема негативни последици при спроведувањето на овие тестови, а податоците покажале дека им помагаат на пациентите побрзо да закрепнат.

Време на закрепнување

Времето на опоравување варира од пациент до пациент. Додека некои закрепнуваат во рок од неколку дена, на некои може да им требаат месеци за да закрепнат. Пациентите кои го изгубиле мирисот по коронавирусот може да имаат нуспојави на паросмија, така што кога ќе им се врати сетилото за мирис, работите може силно да мирисаат. Доктор Росен вели дека секој знак за мирис е добар знак за закрепнување. Тоа значи дека се случува неврорегенерација.

Слични Вести
Menu