Хит видео на Тик ток: што значи прогнозата 30% врнежи од дожд

Многумина од нас се прашуваат што значи кога метеоролозите ќе кажат дека постои одреден процент за можност за врнежи, но поголем дел од нас всушност размислува погрешно.

Една корисничка на ТикТок открила што всушност значи тој процент и изненади многумина, пренесува „Mirror“.

На социјалната мрежа девојката е позната како @sydjkell, а нејзиното видео било прегледано над 10,5 милиони пати.

https://www.tiktok.com/embed/v2/6934492821202242821?lang=en-US

На социјалната мрежа девојката е позната како @sydjkell, а нејзиното видео било прегледано над 10,5 милиони пати.

„Мислев дека кога метеоролозите ќе кажат дека постои 30 отсто можност за врнежи, тоа значи дека постои 30 отсто шанса дека ќе врне дожд. Никогаш не знаев дека всушност тоа значи дека сигурно ќе врне дожд, но дека во само 30 отсто од територијата ќе се случи тоа. Значи, доколку пишува 100 отсто врнежи, тоа значи дека цела територија ќе биде зафатена од врнежи“, објаснува девојката во видеото.
Откако видеото било објавено, истото добило 2,1 милиони лајкови, а многумина биле изненадени со ова сознание.

„Зошто мислев дека 100 отсто врнежи значи дека дождот ќе биде обилен, а 30 отсто со помал интензитет?“, се запрашала една корисничка, додека пак друг корисник признал: „Повеќе не сум сигурен дека воопшто нешто знам“.

You might also like
Menu