Избрана победничката фотографија од природата за 2020 година

Натпреварот „Најдобра фотографија од природата“ ги објави своите победници за 2020 година, а главната награда му припадна на канадскиот фотограф Томас Вијајан за неговата фотографија од загрозениот борнејски орангутан.

Натпреварот е релативно нов и создаден од група професионалци кои сакаа да организираат натпревар преку кој не само што ќе промовираат некои од најдобрите фотографи туку и ќе се направи нешто за планетата.

Организацијата поддржува две добротворни организации: „Работна група за чист воздух“ и „Коалиција на нациите за дождовните шуми“.

– Знаеме дека предизвиците околу климатските промени се огромни, но неверојатни работи можат да се постигнат ако влијаеме врз промените. Тоа е филозофијата на натпреварот. Веруваме дека сите можеме да направиме мали напори за да ја обликуваме иднината на нашата планета на позитивен начин и фотографијата може да влијае врз луѓето да го гледаат светот од друга перспектива и да ги променат своите сопствени навики за доброто на планетата – велат организаторите.

Во натпреварот учествуваа апликации од 20 земји од 6 континенти. Конкуренцијата беше поделена на повеќе категории.

Сликата на Вијајан од орангутанот е победник во категоријата „Животни во нивното живеалиште“ и ја освои и главната награда и парична награда од 1.000 долари. Како што вели Вијајан, со часови поминал качен на дрво, чекајќи да види дали некој од локалните орангутани ќе го искористи за да премине на блискиот остров.

You might also like
Menu