Го оставила бебето во болница со деформитет на нозете, а 20 години подоцна дознала дека е победник на олимпијада (видео)

На Параолимписките игри во Лондон во 2012 година, целиот свет зборуваше за една девојка: 20-годишната Американка Џесика Лонг, која освои 5. златни и два сребрени медали. Таа е убедливо најуспешната пливачка на Параолимписките игри досега.
Но, она низ што поминала како дете е вистински кошмар…

Џесика не е родена во САД туку во едно мало село во близина на Братска, среде Сибир.Родителите и го дале името Татијана но не сакале да и подарат дом. Девојчето било родено со ретко пореметување поради што и недостасувале делови од нозете.Докторите рекле дека е скоро невозможно било кога да прооди.

Родителите решиле девојчето да го дадат на посвојување.
Девојчето првите години од животот ги минала во сиропиталиште во Сибир каде што, поради недостиг на финансиски средства, често немале ниту пелени.
Тогаш се јавил американскиот брачен пар Бет и Стивен Лонг кој го пронашол малечкото девојче.Пропатувале половина свет за да ја усвојат. Во Русија им рекле дека девојчето нема живи роднини. Парот 13. месечното девојче го однеле во САД и и’ дале ново име – Џесика.
На 18. месеци и ги ампутирале долните делови од нозете и научила да оди со помош на протези.

19. години подоцна кога целиот свет зборувал за „сирената“, Џесика сакала да дознае што се случило со нејзините биолошки родители.
Знаела дека е рано усвоена, а подоцна сметала дека нејзините родители умреле.
Стапила во контакт со руските власти и медиумите и дознала дека нејзините биолошки родители се живи

Џесика сакала веднаш да ги запознае. Имала среќен живот, го живеела својот сон, но сакала и да ги запознае луѓето кои и подариле живот.

You might also like
Menu