Прва земја во Европа која ќе дозволи влез за невакцинирани патници

Исландската истражувачка медицинска компанија Декод Џенетикс се понуди да спроведе масовни тестирања за да се добие увид во процентуалната застапеност на заболените во популацијата. Од 3787 лица тестирани на Исланд, 218 се позитивни на тестот. Најмалку половина од заразените биле надвор од земјата и тоа, најчесто, во подрачјата со висок ризик на Алпите.

И покрај вака добрата епидемиолошка состојба, Исланд ќе дозволи влез без никакво ограничување.Единствено што им е потребно на патниците е доказ дека се вакцинирани или дека ја прележале болеста, пренесува „TU“ магазинот.


Меѓутоа, се очекува од 1-ви мај мерките да бидат значително поблаги, и дека и невакцинираните патници кои доаѓаат од земји или региони со поволна епидемиолошка состојба ќе можат да влезат во земјата без никакви ограничувања.

Исланд е најдобар пример како треба да се спроведуваат мерки за борба против пандемијата на Ковид-19. Тоа е држава во која има најмалку заразени од сите останати европски земји, но исто така има и многу помалку жители. На Исланд живеат повеќе од 350.000 луѓе.

Слични Вести
Menu