Нов романтичен хит филм: Џулија Робертс и Џорџ Клуни во улога на разведен пар

Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе глумат во „Ticket to Paradise“, романтична комедија која ќе ја режира Ол Паркер за „Universal Pictures“ и „Working Title”.

Клуни и Робертс ќе глумат разведен пар кој патува на Бали за да ја спречи ќерката да ја повтори грешката која тие ја направиле пред 25 години.

Двојката заедно глумеше во хитовите „Ocean’s Eleven“ и „Ocean’s Twelve“, во режисерското првенче на Клуни „Confessions of a Dangerous Mind“ и во трилерот кој го режираше Џоди Фостер, „Money Monster“.

Романтичната комедија која повторно ги спојува Џулија Робертс и Џорџ Клуни „Ticket To Paradise“ ќе ја режира Ол Паркер за „Universal Pictures“ и „Working Title“. Паркер за „Universal Pictures“ веќе го режираше „Mama Mia! Here We Go Again“.

You might also like
Menu