Необичен феномен што ги збунува научниците: вечни молњи во Венецуела



Илјадници громови во еден час удираат во езерото Маракаибо во Венецуела. Овој феномен има неколку различни имиња: светилник Маракаибо, молња Кататумбо или „вечна бура“. На местото каде што реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо во просек има 260 дена со бура во годината, додека 250 удари на гром на квадратен километар годишно.
Езерото е место со најголема концентрација на молњи во светот, па затоа се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди. Бурите го достигнуваат својот врв во октомври, кога во период од 28 минути можат да се видат молњи на секоја минута.

Бидејќи досега не е потврдена ниту една научна теорија, „светлосното шоу“ на Кататумбо се припишува на комбинација на топографијата и ветровите.

Слични Вести
Menu