Дубаи среде пустина изгради езеро во облик на две срца (видео)

Дубаи не може да ве остави рамнодушни. Од облакодери до вештачки остров, овој град изобилува со неверојатни градби. Еден таков проект на градот е вештачко езеро на љубовта кое е во облик на две испреплетени срциња.

Во и околу езерото има над 16.000 дрвја и илјадници цвеќиња засадени во облик на зборот за љубов на англиски – „love“. Местото е идеално за бегање од градот во викенд.

Доколку ви изгледа мало на фотографиите, треба да знаете дека тоа може да се види дури и од вселената.

Во моментов нема ресторани покрај него, но може да се купи храна на 30-минутно возење оттаму. Езерото се наоѓа на околу 50 километри од Дубаи.

Извор: luxurylaunches.com

Слични Вести
Menu