Филмска сцена на Скопскиот аеродром: доцниш 1399 дена

Во време кога сме преплавени со вести врзани со пандемијата, црни сценарија и константен страв оваа убава приказна дефинитивно ќе ви стопли срцата.

Впрочем, деновиве на скопскиот аеродром се случила една ретка љубовна приказна која веднаш ги преплави социјалните мрежи.

Со транспарент на кој пишувало „Доцниш 1.399 дена“, солзи во очите и со букет прекрасни рози, мажот ја пречекал својата сакана на аеродромот, по 4 години разделеност.

Како што се гледа на фотографиите, и двајцата не можеле да ги сокријат своите емоции, а ниту ние не останавме имуни на оваа голема љубов.

Фото: Moments Production

Извор: медиа.мк

Слични Вести
Menu