Мостот по кој што не смее да се помине

Во паркот Кормлауер во Германија се наоѓа мостот Ракотзбрук, ремек дело изградено во далечната 1860 година. Тој уште се нарекува и ѓаволски мост, според тогашното верување дека таква чудесна и опасна градба можел да направи само ѓаволот. Камениот мост со полукружна форма создава преубава илузија на совршен круг кога се отсликува во езерото, а глетката е неверојатна од било кој агол и причина за голем број на посетители. Краевите на мостот се декорирани со карпести формации со различна височина. Денес поминувањето по Ракотзбрук е забрането со цел да се зачува оваа величествена камена градба.

You might also like
Menu