Апликациите за запознавање понекогаш можат да бидат извор на многу лоши врски, но никој не очекува дека некој ќе им бара да им надомести за изгубеното време и пари ако врската заврши лошо, освен еден маж, како што пренесува Мирор.
Алекс Колбот од САД отишла на состанок со маж кој го запознала преку апликацијата за запознавање, но после третиот состанок, сфатила дека тој не е момче за неа. Иако мислела дека работата меѓу нив е готова, тој повторно се јавил, барајќи за возврат пари за сите состаноци на кои биле, а таа ништо не платила.
-Здраво Алекс, се надевам дека си добро. Може ли да ми ја кажеш твојата сметка? Мислам дека е праведно, со оглед на тоа веќе нема да се видиме, барам пари за сите состаноци кои не ги плативме еднакво, напишал во една порака.
Се работело за три различни состаноци, кога оделе во барови и ресторани, а тој ја платил целата сметка. Смета дека е доволно да му прати 35 долари, за да го покрие трошокот за храна и пајалоците кои ги нарачала.Но Алекс не го прифатила неговиот предлог објаснувајќи дека на секој состанок се понудила да плати барем пола сметка, но тој никогаш не се согласувал.
Откако се објавила на Твитер, нејзината објава станала вирална, а многумина останале шокирани од однесувањето на ова момче. „Делењето пари не е проблем, се работи за тоа што тој бара враќање на парите откако дозна дека нема да има ништо меѓу нив. Значи, тој не плаќал за да испадне добар, туку за некоја друга награда (љубов, секс, врска…)“, искоментирала една девојка.
„Платете ја сметката сами или договорете се да платите по пола. Нема осуда ако сакате да платите заедно, но да ги барате парите назад откако не успеало меѓу вас? Тоа е навистина смешно, се сложило едно момче.
Извор: Вечерни.хр