Замрзната, свежа или конзервирана храна: Што е похранливо?

Која е разликата помеѓу замрзнатата, свежата и конзервираната храна? Кои се предностите на секоја од нив и која опција е похранлива? Заклучоци од повеќе истражувања го даваат одговорот на овие прашања.

Спротивно од општо прифатеното мислење, замрзнатата храна може да биде далеку подобар и похранлив избор отколку свежата храна. Зошто е тоа така? Бидејќи замрзнатата храна при замрзнување го задржува нивото на хранливите состојки во моментот кога е замрзната, односно нема промени во содржината на јаглени хидрати, протеини или маснотии. Тоа значи дека кога ќе дојде време да се одмрзне и приготви, нејзината хранливост ќе биде иста како и пред да биде замрзната. Постојат голем број истражувања кои го докажуваат токму ова. Друга предност на замрзната храна е тоа што таа ‘нема’ рок на траење. Замрзнатата храна може да трае неодредено долго време, без да ја изгуби својата хранливост. Последно но не и најмалку важно, процесот на замрзнување на храната, особено на месото, заштитува од губење на свежината и од започнување на процесот на деградација.

Свежата храна, доколку се консумира веднаш по бербата односно во најкраток можен рок по изложување на амбиентален воздух има најголема хранлива вредност. Колку подолго е изложена на амбиентален воздух, таа ги губи своите хранливи состојки. А бидејќи времето кое е потребно за свежата храна да стигне на вашата трпеза може да биде и една цела недела, во суштина значи дека нејзините хранливи вредности ќе бидат значително намалени.

Конзервираната храна пак, губи огромен дел од своите хранливи состојки бидејќи поминува низ поинтензивен термички третман за да биде ставена во конзерва и да трае. Овој тип храна покрај термичкиот третман, поминува и низ процес на стерилизирање. Тоа резултира со поголема загуба на хранливи материи, но штом се најде во конзерва, може да биде прилично стабилна со години и да бидете сигурни дека е безбедна бидејќи поминува низ процес што ги убива сите микроорганизми.

Заклучокот е дека, на долг рок, замрзнатата храна претставува похранлив избор од свежата и конзервираната храна, секако доколку е правилно замрзната и чувана. Од компанијата Слога Пром, којашто со дистрибуција на замрзнато месо се занимава веќе 30 години и нуди широк асортиман замрзнати производи, велат дека за квалитетот на замрзнатата храна освен тоа да се замрзне додека е свежа, исто толку големо влијание има и како е замрзната, како се чува и како се дистрибуира. Слога Пром во своето долгогодишно искуство ги има воведено најновите европски и светски стандарди во декларирањето и означувањето на производите според HACCP и GS1 и ги следи иновациите и трендовите во третирањето и дистрибуција на храната со ниски температури, овозможувајќи им на своите потрошувачи безбедна и квалитетна замрзната храна.

извор: Element PR and Corporate Communication

Слични Вести
Menu