Невообичаена сцена која го обиколи светот се случи на Универзитетот во Лахоре.
Вљубената студентка клекнала пред голем број колеги во дворот и го запросила своето момче, исто така студент на овој факултет, кој рекол „да“.
Девојката по запросувањето рекла дека не сакала повеќе да го чека, туку „ги земала работите во свои раце“.
Сепак, она што се случи потоа го шокираше целиот свет – деканот на факултетот, во договор со стручниот комитет, ги избрка и двајцата студенти од Универзитетот во Лахоре!
Во соопштението се наведува дека овој чин на предлагање е во спротивност со вообичаеното однесување на студентите на факултетот и дека не доаѓа предвид факултетот да го аминува овој настан во кој главната изјава ја има една млада жена, а не маж.
Ова било остро осудено, пред сè од Пакистанците, а потоа и од други луѓе во светот.
„Ова е скандал. Тие шират љубов, а не омраза како вас“,„Срамота ви е, во кој век сè уште живеете?“,„ Наместо да бидете горди на студенти, вие ги исфрлате. Вие сте тие што сте за казна“, биле некои од поблагите коментари.