новиот серијал е насловен “And Just Like That…” a филмската екипа ќе ја соочинуваат Сара Џесика Паркер, Синтиа Никсон и Kристина Дејвис. Актерката Ким Катрал која ја глумеше Саманта Џонс во оригиналните серии нема да се врати на филмското платно. А Паркер, Никсон и Дејвис ќе бидат и продуценти на филмот заедно со Мајкл Патрик Кинг.
Во новото продолжение Кери Бредшоу, Шарлот Јорк и Миранда Хобс ќе ја искусуваат љубовта во 50-тите години од животот, приказните ќе се најдат во 10 серии во траење од половина час а продукцијата ќе започне во Њујорк оваа пролет.
Сара Обри главниот уредник на ХБО Макс вели дека израснала со овие серии и едвај чека да види што ќе понуди овој серијал.
“Сексот и Градот” беше создадена од Дарен Стар врз основа на книгата на Кендес Бушнел од 1997-ма година со исто име. Премиерата на серијалот се случи на каналот ХБО во 1998 година и траеше се до 2004-та во цели шест серијали.