5G технологијата го подобри системот за мобилна комуникација и преносот на податоци, но исто така отвори бројни теории на заговор.
Таквите се во граници од тврдења дека служи за контрола на човечкиот ум па се до тоа дека е „виновникот“ за пандемијата на коронавирусот.
Во исто време, феноменот покрена поединци желни за заработка, така што на интернет наоѓаме низа производи за „заштита“ од лоши влијанија на 5G.
Платформите Амазон, Етси и иБеј нудат „Фарадееви кафези“, УСБ-стикови, алуминиумски капи, нараквици, налепници, па дури и специјални лосиони!
Пребарувајќи го поимот „5G заштита“ на Амазон, добивате 6.000 резултати, додека понудата на Етси е малку пониска – 4.400.
Цените се движат од 15 до 100 долари по производ, но нека не ве залажуваат. Непознат продавач на „анти-5G лосион“ наводно заработил 500 000 американски долари., пренесува Gizmodo.
Што прават ваквите производи? Тие главно „штитат“ од електромагнетни бранови и зрачење, барем така тврдат продавачите.
Споменатиот лосион создава физички „штит“ и рефлектира бранови, а во реалноста не ги запира ни сончевите зраци.
Постојат многу слични примери, што покажува дека бескрупулозните продавачи наоѓаат простор да заработат пари, хранејќи се со незнаењето и стравовите на луѓето