Kупил сад на распродажба за 35, а го продал на аукција за 720.000 долари

Порцеланска чинија што сопственикот јз купил минатата година на распродажба за 35 долари била продадена на аукција во САД за 721 800 американски долари.

Станува збор за кинески порцелански сад кој датира од 15 век и периодот на династијата Минг, а аукцијата била организирана во аукциската куќа Сотби во Њујорк.

Белата чинија со сини мотиви наводно е направена за замокот на царот Јонглеј, кој бил трет владетел на династијата Минг.

Останатите садови од тој комплет се наоѓаат во музеите во Тајван, Иран и Велика Британија.

Сопственикот, откако ја купил чинијата забележал колку е посебна, па ја фотографирал и ги испратил фотографиите до аукциската куќа замолувајќи ги да ја проценат. Кога експертите го виделе предметот во живо, веднаш знаеле дека датира од 15 век.

Почетната цена на аукцијата била 200 000 американски долари, но започнала да расте. Конечната понуда била  580 000 долари, и со сите даноци, на крајот чинела 721 800 долари. Познатата аукциска куќа ја проценила чинијата од 300.000 до половина милион долари.

Слични Вести
Menu