Меѓународен тим научници го откриле најоддалечениот квазар, форма на енергетски супермасивна црна дупка, во универзумот, која се покажала како најоддалечен извор на емисија на радио сигнал
Имено, квазарите се јавуваат кога моќната гравитација на супермасивна црна дупка го вовлекува околниот материјал во јадрото на галаксијата, што формира орбитален диск, ослободувајќи огромни количини на енергија.
Научниците сугерираат дека квазарите можат да ги осветлуваат најраните години на универзумот, кога се формираат sвезди, галаксии и супермасивни црни дупки.

Според резултатите од студијата, објавени во „Журнал за астрофизика“, откриениот квазар најверојатно се појавил 780 милиони години по Големата експлозија.
Наречен е „P172 + 18“ и е оддалечен 13 милијарди светлосни години од Земјата, а овие типови квазари се моќни извори на емисии на радиобранова должина.
Истражувачите го забележале небесното тело благодарение на Магеланскиот телескоп, кој се наоѓа во опсерваторијата Лас Кампанас во Чиле.
Тие исто така откриле дека супермасивната црна дупка што го придвижува овој квазар е скоро 300 милиони пати помасивна од Сонцето.
Тој детал ги збуни бидејќи не можат да објаснат како во раните фази на универзумот таа црна дупка станала толку масивна.