НАСА објави снимка како звучи кога возите на Марс (аудио)

НАСА објави уште една снимка на роверот „Perseverance“, кој што веќе еден месец е на мисија на Марс. Станува збор за аудио запис за првото возење на роверот на Црвената планета проследено со звуци што се прилично загрижувачки според стандардите на Земјата.

Звуците што ги произведуваат металните тркала на роверот што се движат по површината на Марс на првото тест возење пред две недели се дел од 16-минутната аудио-снимка објавена од Лабораторијата за реактивен погон на НАСА со коментар:

„Слушате ли? Вака звучи кога возите преку камења на Марс. Ова е прва снимка од возење на Марс “.

„Ако ги слушнав овие звуци додека го возев мојот автомобил, ќе застанев и ќе се јавев на влечната служба. Но, ако одвоите време да размислите за тоа што го слушате и каде е снимено, тоа има многу смисла “, рече инженерот на тимот на НАСА, Дејв Груел.

You might also like
Menu