Луѓе на Тајланд го менуваат името во Лосос, поради една несекојдневна причина

Властите на кинескиот остров Тајван бараат од граѓаните да престанат да ги менуваат своите имиња во Лосос, бидејќи многумина го сториле токму тоа за да ја искористат промотивната понуда на ресторанот што служи суши.PROMOTED CONTENT

Тој ланец ресторани, всушност, нуди „онолку колку што можете да јадете“ за оние на кои лична карта им пишува Гуи Ју, или лосос.

Заменик-министерот за внатрешни работи Чен Цунг-јен рече дека промената на името за оваа намена е губење време и создавање непотребна документација.

Но, залудно.

Барањата за промена на името се слеваат откако ланецот ресторани Акиндо Саширо објави во вторникот дека секој што го има зборот лосос на своето име може да добие бесплатна храна за себе и за петмина пријатели.PROMOTED CONTENT

„Тајпеј тајмс“ објави дека десетици луѓе аплицирале за промена на името, додавајќи дека оние кои го смениле името морале да платат три долари за нова лична карта и потврда за регистрација на имиња како што се Принц лосос, Крал лосос метеор и Лосос пржен ориз, пренесува новинаската агенција АФП.

Две лица успеале да јадат суши во вредност од околу 460 долари, а едно од нив на социјалната мрежа напиша дека сигурно нема да јаде лосос некое време.

You might also like
Menu