Излегла на сцена во магарешка кожа, а потоа се соблекла скроз гола

Доделувањето на „Цезар“ наградите повторно беше одржано во Франција, а ниту овојпат не поминаа без контроверзии.

Актерката Корин Масиеро излегла на сцената во магарешки костим, а исто така била прекриена со вештачка крв, а потоа на големо изненадување на сите – се соблекла гола.

Како што пренесува „Deadline“, Масиеро на сцената се качила облечена во костим од магаре, а нејзината кожа била испрскана со вештачка крв.

Додека водителката на програмата – Марина Фоа во неверување гледала, актерката го соблекла костимот и фустанот кој што го носела под него, па останала целосно гола да стои на сцената, по што публиката почнала громогласно да ракоплеска.

Со фразите „без култура нема иднина“ и „врати ни ја уметноста, Жан“, кои што биле испишани на нејзиниот стомак и грбот Масиеро протестирала против мерките за стопирање на ширењето на коронавирусот кои што во Франција повторно ги воведе премиерот Жан Кастекс.

И останатите актери, без соблекување на облеката во текот на церемонијата повикале на отворање на театрите и кината и ги критикувале мерките за заштита на француската влада.

Слични Вести
Menu