По бојата на очите може да се открие издржливоста на болка и алкохол

Научници од Универзитетот во Питсбург откриле дека бојата на очите покажува колкава е издржливоста на болка кај одредено лице, како и за кои спортови е талентирано.

Според нивното истражување, синооките и зеленооките припаднички на понежниот пол помалку чувствуваат болка при породување во споредба со жените со црни и костенливи очи.

Интересно е дека на синооките лица им се потребни поголеми количества алкохол за да се опијат, во споредба со темнооките.

Зошто е така? Научниците го пронашле одговорот во гените. Прво, постојат 12 различни комбинации на гени кои им даваат одредена боја на очите. Меѓутоа, освен што ги „бојадисуваат“ очите, тие гени влијаат и врз други случувања во организмот. На пример, меланинот кој придонесува нечии очи да бидат потемни истовремено ги забрзува реакциите во мозокот, поради што темнооките лица се почувствителни на алкохол.

Докажале и дека лицата со темни очи, поради карактеристичните комбинации на гени, постигнуваат подобри резултати во спортови како што е бејзбол, додека синооките се подобри во активности каде што е потребно планирање, како што е играње голф.

Извор: МИА

You might also like
Menu