Ула Шемол е атрактивна девојка од Словенија која живее на Бали и е првата од регионот која работела за самопрогласениот „крал на коцката и Инстаграм“, Ден Билзеријан – таа раскажува како изгледа неговиот живот во реалноста.
Пред неколку години таа ја напуштила Словенија и заминала на Бали со својот избраник, каде продолжила да живее и по раскинувањето со партнерот, а подоцна потпишала и договор со Билзеријан, за што вели дека било понуда која не се одбива
„Мислам дека тој заслужува поголема титула од онаа по која е познат, многу научив од разговорите со него. Него навистина не му е грижа што мислат луѓето за него. Тој е токму тоа што се гледа, не може да се одглуми до толку“ – открива Ула за медиумите од регионот.
Иако според Ула, животот на Билзеријан не е ништо поразлично од тоа што се гледа на Инстаграм, сепак таа вели дека зад овој „совршен“ приказ стои многу голема продукција и дека сите забави и патувања се однапред изрежирани.
<„Не е тоа некоја уживанција. Сите мораат да знаат што прават, но тоа што ние го гледаме е како да гледаме реално шоу. Тоа е изрежирано, не е само да се облечат бикини и да се снима, тука има голема продукција, многу луѓе стојат зад тоа, 100 луѓе работат на проектот кога се оди на пат или се прави забава. Има многу нацрти и планирања и на крајот кога сите треба да се забавуваат, сите се изморени.“