„Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак дека ова некогаш ќе го пишувам 2 дена после операција.. Упс не, после втора операција за 2 недели“, пишува 28-годишната докторка Марија Бунда Калпак.

Марија Бунда Калпак е наша докторка која храбро на својот Инстаграм профил проговори за дијагнозата рак и нејзината голгота.
Емотивната исповед на храбрата Марија:
„Рак на гради на 28 години? Да, тоа сум јас!
Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак дека ова некогаш ќе го пишувам 2 дена после операција.. Упс не, после втора операција за 2 недели.
Поминаа 7 месеци од првичната дијагноза и сега имам храброст да ја споделам оваа приказна зошто знам дека може да помогне на многумина и да ја подигнеме заедно свеста за оваа ужасна болест.
Јас лично бев до пеколот и назад.. И сѐ уште сум на патот. Не, не беше сѐ лошо и сум благодарна и заради многуте добри работи што ми ги донесе ова патување. Не е завршено, продолжува и ќе трае цел живот..
Но поуката од ова е:
Редовно правете си само преглед.
Ако забележите нешто (топче, грутче, болка, исцедок) веднаш одете на лекар.
Како што знаете кај нас, а и секаде во светот после 40та година се прави скрининг секоја година со мамографија. Тоа е најлесниот и најевтиниот начин за преглед. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа.
Но, за сите нас пред таа возрасна група – златно правило – самопреглед и свесност за своето тело.“
Сепак сум уверена дека животот ни носи само онолку колку што можеме да издржиме, а тоа ќе нѐ направи посилни.“