Јутјуберот Кејси Нејстат споделил порака на социјалните мрежи која му ја вратила вербата во човештвото откако случајно изгребал нечиј автомобил во Лос Анџелес.
“Често се жалам на Лос Анџелес, но еве да ви покажам зошто го сакам. Утрово изгребав автомобил на некој тип додека го паркирав мојот камионет. Беше сосема случајно, мала, но воочлива гребаница. Му оставив белешка со телефонски број на сопственикот, а тој ми испрати порака…”, напишал Нејстат покрај фотографија од белешката и СМС пораката која ја добил од непознатиот возач.

“Еј, ти благодарам за белешката. Не грижи се за гребаницата. Те молам парите кој би ми ги дал на мене за автомобилот да ги донираш во локалната банка за храна”, му порачал непознатиот сопственик, а Кејси му одговорил со потврда за донација.

“Дали си сигурен? Можам веднаш да ти испратам пари. Ти благодарам уште еднаш, го ценам разбирањето и великодушноста”, додал тој.
“Не грижи се. Ја ценам твојата донација. На светот тоа му е потребно сега”, гласи пораката која Нејстат ја добил назад.