Тој има 84 години, а таа 74 и тврдат дека секој ден имаат секс по три пати

Американската актерка Сузана Сомерс и нејзиниот сопруг, 84-годишниот продуцент и водител Алан Хамел, имаат исклучително богат сексуален живот дури и во поодминатата возраст, тврди Сомерс.

Седумдесет и четиригодишната актерка неодамна во подкаст-шоуто „Heather Dubrow’s World“ изјави дека годините не им пречат да уживаат еден во друг.

– Хормоните ни полудуваат, па затоа имаме многу секс. Знам дека сега давам премногу информации, но е пладне, а ние денес имавме секс веќе три пати – изјавила поранешната sвезда на серијата „Чекор по чекор“.

Сомерс исто така рекла дека Хамел се разбудил среде ноќ, во 4:30 часот наутро, и бил подготвен за акција.

– Можеш ли барем да почекаш сонцето да изгрее? – прашала на шега.

Пред две години, Сомерс откри дека за либидото на нејзиниот сопруг се заслужни инјекциите со меланокортин.

„Имам такво расположение како кога бев млада и секогаш подготвена за акција, а истото го чувствува и тој поради тие хормони“, рекла таа.

Сузана и Алан се венчаа во 1977 година и иако немаат заедно деца, таа има син од претходниот брак, а тој има син и ќерка.

„На почетокот на бракот, со години се каравме како диви ѕверови, но и двајцата знаевме дека сме судени еден на друг и дека вреди да се поработи на нашата врска, а тоа и го направивме“, рекол Алан.

„Нашата врска се продлабочи оттогаш и не се сеќавам кога последен пат сме се скарале. Заедно сме 24 часа дневно и не сме поминале одвоено ниту една ноќ повеќе од 40 години. Сакам уште 40 такви.“

You might also like
Menu