Овие луѓе немаат потреба од секс

Асексуални личности се оние кои обично не чувствуваат сексуална привлечност кон други луѓе. За разлика од целибатот или апстиненција каде што луѓето се водржуваат од секс, асексуалните личности обично не чувствуваат сексуална привлечност или потреба од секс.

Овие луѓе може да чувствуваат емотивна привлечност кон другите и да имаат емотивни, среќни врски, но кај нив потребата за секс обично не постои.

Но, само затоа што не чувствуваат потреба, не значи дека немаат никаква желба за секс. Ова е сосема нормално, но на повеќето луѓе им е тешко да ја сфатат асексуалноста.

Кај секоја личност, сексуалноста варира – веројатно и вие сте имале периоди кога воопшто не сте размислувале за секс или не сте чувствувале сексуална привлечност, дури ни кон вашиот партнер, без разлика што не сте асексуална личност.

Ова значи дека и кај асексуалните луѓе се појавува желба за секс, од разни причини. Разликата е во тоа што тие најчесто не чувствуваат потреба.

Генерално, кога станува збор за секс, секоја личност е различна и нејзините потреби се менуваат, а веројатно поради ова ни е тешко да разбереме некои работи.

Сексуалноста е индивидуална – некои луѓе имаат голема потреба за секс, некои помала, а некои никаква, и без разлика каде спаѓате вие, тоа е сосема нормално.

Најважното е да се чувствувате удобно во своја кожа и да не ја споредувате вашата потреба за секс со онаа на другите, но доколку искусувате тешкотии, секогаш може да поразговарате со стручно лице кое ќе ви даде совет.

Слични Вести
Menu