Истражувачи истуриле тони кафе во шума.Ке се изненадите кога ќе видете што станало

Еден од најголемите проблеми со производството на кафе е што генерира неверојатна количина на отпад. Штом зрната кафе се одделат, се отфрлаат околу 45 отсто од целата биомаса.

Значи, за секое печено кафе во кое уживаме, еквивалентно количество каша од кафе се фрла во масивни депонии низ целиот свет. Тоа значи дека приближно 10 милиони тони каша од кафе се фрлаат во животната средина секоја година.

Кога се отстранува неправилно, отпадот може да предизвика сериозно оштетување на изворите, почвата и на водата.

Сепак, ново истражување објавено во списанието на британското еколошко друштво „Еколошки решенија и докази“ открило дека кашата од кафе не е само непријатност што треба да се исфрли, туку може да има неверојатно позитивно влијание врз обновувањето на обесшумените области на планетата.

kafe

Во 2018 година истражувачите од ЕТХ-Цирих и Универзитетот на Хаваите искористиле 30 камиони со каша од кафе и ја расфрлале на деградирано земјиште во Костарика. Експериментот се случил на поранешна фарма за кафе што претрпела брзо уништување на шумите во 50-тите години.

Друга парцела во близина на депонијата за кашата од кафе останала да функционира како контрола за експериментот.

– Резултатите беа драматични. Областа третирана со дебел слој каша од кафе се претвори во мала шума за само две години, додека контролната парцела остана со трева што не е домашна – рече д-р Ребека Кол, автор на истражувањето.

За само две години, површината третирана со каша од кафе имала 80 отсто покривка на крошна, во споредба со само 20 отсто од контролната област. Значи, областа третирана со каша од кафе растела четирипати побрзо и ја засилила биолошката активност во областа.

Исто така, крошната била четири пати поголема од онаа на контролната област.

Областа третирана со кафе елиминирала инвазивен вид трева што го заземала земјиштето и спречувала напредување на шумите. Елиминацијата на оваа трева им овозможила на другите природни видови да ја заземат и повторно да ја колонизираат областа.

kafe

– Оваа студија на случај посочува дека земјоделските нуспроизводи може да се користат за забрзување на обновувањето на шумите на деградираните тропски земјишта. Во ситуации кога обработката на овие нуспроизводи носи трошоци за земјоделските индустрии, користејќи ги за обновување за да се исполнат глобалните цели за пошумување, може да претставуваат победничко сценарио – рече д-р Кол.

Доколку резултатите се повторуваат, тоа е придобивка и за љубителите на кафето и за околината.

Истражувачите веруваат дека третманите со кафе можат да бидат економичен начин за пошумување на деградираната земја. Тие, исто така, можат да бидат добри за унапредување на ефектите од климатските промени преку поддршка на растот на шумите низ целиот свет.

Парискиот договор од 2016 година го направи пошумувањето важен дел од борбата против климатските промени. Договорот ги стимулира земјите во развој да го намалат уништувањето на шумите, да промовираат зачувување на шумите и одржливо управување и да ги подобрат резервите на шумски јаглерод.

– Се надеваме дека нашето истражување е отскочна штица за други истражувачи и индустрии да погледнат како можат да го направат своето производство поефикасно со создавање врски со глобалното движење за обновување – рече д-р Кол.

Извор: Upworthy.com
Фото:  Rebecca Cole | British ecological society

You might also like
Menu