Исчезна српскиот пејач Дарко Лазиќ

Семејството во паника, полицијата во потрага. Никој не знае каде е славниот пејач Дарко Лазиќ – пишуваат српските медиуми.

Од него нема ни траг ни глас, а на телефон е недостапен. Полицијата го бара откако откри  автомобил од 2015-та година, кој и го купил на поранешната сопруга Ана Севиќ, а кој сега има лажна регистрација.

-Полицијата сака да разговара со Дарко, ама тој не се одзива на повиците и телефонот му е недостапен, иако исклучително е активен на социјалните мрежи, а како што дознаваат домашните медиуми, не престојува ниту во родниот Брестач. Го нема никаде. Едноставно, никој не знае каде се наоѓа. Дома не си доаѓа неколку денови. Полицијата не може да му влезе во траг. Порано никогаш не исчезнувал вака, па сите се загрижени, пренесуваат српските медиуми.

Слични Вести
Menu