Трите најлајкувани фотографии што некогаш се објавени на Инстаграм

Били Ајлиш е кралица, а тоа уште еднаш им го докажа на сите. Доволно е да објави едно сосема обично слефи и тоа да стане толку популарно и за неколку дена да собере над 20 милиони лајкови. Сигурно не очекувала ваква реакција кога истото го објави на својот Инстаграм профил. Но, Били е Били и некогаш е многу малку потребно за да предизвика бум. Сите ги изненади кога сподели фотографија преку која ја покажа новата фризура. Веќе сите ја имаме навикнато со темната коса со зелен израсток, што сите не шокираше сознанието дека сега е русокоса. Очигледно е дека сите беа воодушевени од оваа промена, па мораа да стават лајк, а лајк по лајк, за неколку дена дојде до 21 милион лајкови

И така, тоа стана една од најлајкуваните фотки што некогаш се објавени на Инстаграм. Поточно, нејзиното селфи стана трета најлајкувана фотографија, која некогаш била објавена на оваа социјална мрежа. Пред сеа сѐ уште се јајцето, кое направи вистинско шоу пред неколку години со 59 милиони лајкови и последната објава на XXXTentacion, која ја сподели пред да почине и која има скоро 24 милиони лајкови.

You might also like
Menu