Фејсбук ќе укине уште една популарна опција. Како да ги зачувате податоците што сте ги објавиле пред да исчезнат

Изгледа дека и оваа опција наскоро преминува на Инстаграм…

Најпопуларната социјална мрежа во светот наскоро ќе ја укине можноста за заедничко гледање на видеа, која на корисниците им овозможуваше различни видео содржини да гледаат заедно со своите пријатели.

Можноста за заедничко гледање ќе биде деактивирана на 16 април, па од тогаш корисниците повеќе нема да може да креираат, ниту да ги следат заедничките гледања на Фејсбук страниците, профилите или групите. Исто така, сите претходни видеа кои имаа можност за заедничко гледање повеќе нема да бидат достапни за повторно гледање.

Меѓутоа, Фејсбук на корисниците им остави можност да ја ги преземат порано објавените заеднички видеа, како и коментарите од заедничките гледања. Преземањето, исто така е овозможено до 15 април 2021 година.

Како да ги презете податоците?

За преземање на податоците се користи алатката „Download Your Information“, со чија помош можете да ги презете сите споменати информации и реакции. Податоците за листата со прегледи, посетители, другите статистики и коментарите на другите корисници ќе останат недостапни.

Своите податоци од групните видеа ќе може да ги преземете на следниот начин:

# Во горниот десен агол на Фајсбук страницата ќе кликнете на последното мени од десно;

# Ќе ја изберете опцијата „Settings & Privacy“, а потоа ќе кликнете на „Settings“;

Во менито од левата страна ќе кликнете на „Your Facebook Information“;

# Ќе кликнете на „View“, под „Access Your Information“.

За добивањето или бришењето на некоја категорија кликнете на полето покрај посакуваната група со податоци. Потоа кликнете на полето „Create File“ за да го потврдите барањето. По поднесувањето на барањето преземаните податоци ќе може да ги најдете во „Available Copies“, во делот на „Download Your Information“.

За подготовка на преземаните податоци потребно е да почекате неколку денови, по што ќе ви пристигне потсетник дека преземањето е завршење. За преземањето потребно е да влезете во „Available Copies“ и да кликнете на „Download“.

You might also like
Menu