Денес, кога на една компанија ѝ е потребен поголем простор, таа се сели во поголема зграда, ја проширува зградата во која е сместена или реновира. Не може да сведочите на вртење на цела зграда, за разлика од жителите на Индијанаполис, САД, во 1930 година.
Телефонската компанија „Индијана бел“ таа година изградила втора зграда во своето седиште во Индијанаполис, но откако ја подигнала првата и ја свртила за 90 степени. Зградата имала осум ката и тежела 11.000 тони
Компанијата успеала да ја сврти зградата во периодот од 20 октомври до 14 ноември таа година. Сите 600 вработени лица во зградата работеле секој ден.
Процесот вклучувал продолжување и адаптирање на сите кабли и цевки, а потоа и кревање на зградата и нејзино поставување на тркала. Вработените влегувале и излегувале со помош на подвижен премин кој се движел сосе зградата.
https://www.youtube.com/embed/zW-QGtOAVEg
Можеби најинтересниот дел од целата приказна е фактот дека главниот архитект на проектот бил Курт Вонегат Сениор, таткото на познатиот писател Курт Вонегат.
Извор: openculture.com