Ја продаде невиноста за милион долари на аукција, а приказната продолжува

Француската студентка, која ја понуди својата невиност на онлајн аукција, тврди дека се вљубува во банкарот кому му ја продала невиноста за 1,2 милиони евра.

Портал за ескорт “Cinderella Escorts”” објави дека “паметен” и “успешен” банкар од Вол Стрит понудил 1,2 милиони евра за 20-годишната Јасмин, победувајќи ги конкурентите: диџеј од Лос Анџелес и магнат за недвижности од Минхен.

Парижанката тврди дека израснала во религиозно семејство и дека имала намера да се зачува до брак, но дека ја променила својата одлука за да собере пари за да започне сопствен бизнис и да патува по светот.- Повеќето луѓе ќе бидат среќни да го заменат својот прв пат за милион, само да можат да се вратат во минатото – вели Јасмин.
Таа вели дека е радосна што ја продала невиноста и дека нејзиниот клиент ѝ се допаднал, иако во почетокот таа била малку нервозна.
– Тој беше вистински џентлмен и беше многу внимателен со мене. Јас нема да навлегувам во детали, но можам да кажам дека ќе се видиме повторно – вели Јасмин.

“Прерано е да се зборува за љубов, но ние си се допаѓаме и ќе видиме што ќе се случува в иднина”, додава таа.

You might also like
Menu