Пролетна детокс диета: лесна, а исклучително корисна

Во текот на зимата сите конзумираме храна полна со маснотии и шеќери, па пред почетокот на пролетта добро е да го прочистиме телото, а со тоа и да симнеме некој вишок килограм.

Детокс на телото со помош на зимското овошје – мандарини, искомбинирани со други здрави намирници, е еден од начините за топење на мастите и појачување на имунитетот.

Мандарините се полни со витамини, одлични се за работата на цревата, го алкализираат телото, богати се со антиоксиданси и го намалуваат нивото на стрес.

Неколку основни правила за диетата за прочистување на телото, со мандарини:

  • Не смее да се држи подолго од 2 до 3 дена.
  • Мандарините не се консумираат на празен стомак. Се пие 1,5 до 2 литри вода на ден за хидратација на телото.
  • За диетата се прави подготовка неколку дена однапред – постепено се намалуваат калориите кои се внесуваат во текот на денот и се намалува консумирањето на тешка храна, печива, зачини, за да му направи шок на телото.
  • Дозволен е 1 килограм мандарини дневно, не повеќе.

Мени за детокс-диета со мандарини:

Појадок:

  • 1 чаша млака вода веднаш после будење, па потоа појадок од 2 варени јајца и 2 мандарини. Може да се додаде малку интегрален леб.

Ручек:

  • 1 чинија пилешка супа, без тестенини или сварено бело месо со пиперки, краставици, домати или моркови.

Ужина:

Вечера:

  • Зелена салата со свеж зеленчук.

За време на диетата треба да се следи како телото реагира на промената на исхраната.

Не се започнува оваа детокс диета доколку некој има проблеми со бубрезите, цревата, дебелото црево или жолчното ќесе, ка не се препорачува на болни од гастритис.

You might also like
Menu