На денот на венчавката открила дека синот се жени со нејзината изгубена ќерка

Жена од Кина на денот на венчавката на својот син открила дека тој всушност се жени со нејзината ќерка.

Забележала белег на раката на невестата, истиот оној што го имала нејзината ќерка која ја изгубила пред повеќе од 20 години, па ги прашала родителите дали ја посвоиле пред две децении.

Изненадени од прашањето, тие одговориле потврдно и дека ја нашле покрај патот, иако дотогаш не и откриле на својата ќерка дека е посвоена.

Ќерката се расплакала од среќа кога ја запознала својата биолошка мајка, но се загрижила дека сега ќе се омажи за нејзиниот постар брат. Мајката и рекла дека и нејзиниот син бил посвоен, откако поминала години во потрага по неа и дека ништо не ги спречува да стапат во брак.

Двојката се венчала, а гостите им честитале на двојната прослава, пишува Ориентал Дејли.

You might also like
Menu