Една ТикТок корисничка ги замолила мајките да ги споделат своите приказни за раѓање големи бебиња. Меѓу бројните коментари се јавила и една мајка која родила бебе од 6,5 килограми.
Во видеото кое е прегледано повеќе од 28,8 милиони пати, жена по име Шан споделила фотографија од својот син само неколку минути откако го родила со помош на двајца доктори.
„Вториот син го родив преку царски рез и со помош на двајца доктори. Имаше малку повеќе од 6,5 килограми. Беше долг близу 60 сантиметри“, рекла Шан.
Тој бил најголемото бебе во болницата во која таа се породила
„Немаа ниту пелени, ниту облека за него. Од педијатријата донесоа облека за бебе од 9 месеци“, раскажала мајката.
Интернет корисниците останале шокирани кога го виделе бебето.
„Лекарите го држат како награда“, „Огромен е“, „Девојко, жал ми е за тебе“, „Ме интересира како изгледа денес“, се само некои од коментарите.
Шан рекла дека нејзиното големо бебе денес е здрав 5-годишник кој сака фудбал и бејзбол.