Секој трет од оние кои прележале Ковид има психијатриско пореметување

Студија спроведена на 23.000 испитаници, претежно од Соединетите држави, открила дека на секој трет преживеан пациент од Ковид 19 му дијагностицирале невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по третманот.

Ова упатува на заклучок дека бран на невролошки и психијатриски пациенти може да се очекува како последица на пандемијата, според стручното списание „Лансет Псајкајатрист“.

Од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кај преживеаните пациенти со Ковид, иако за научниците не е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс

Студијата не утврди кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувач на овие нарушувања, но беше заклучено дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да ги спречи или како да се третираат медицински.

Врз основа на анализата на медицинските досиеја, откриено е дека повеќе од 236 илјади луѓе бил дијагностициран некаков невролошки или психијатриски проблем кај 34 проценти .

You might also like
Menu