Ја изневерувал со проститутка,а кога ги прочитала пораките во неговиот телефон се шокирала

Иако мислела дека добро го познава своето момче, една Британка морала да се соочи со реалноста откако дозна дека нејзиниот дечко ја изневерил со проститутка.

„Имам 35, а тој 37 години. Заедно сме 6 години и мислев дека имаме добра врска. Сепак, сè се смени кога тој почна да одбива да има секс со мене“, почнува таа со својата исповед.

„Затоа се сомневав дека ме изневерува и кога го погледнав неговиот телефон го доживеав најголемиот шок во мојот живот“, рече таа.

„Прво најдов порно слики од непознати жени, а потоа и пораките што ги разменувал со женски но и машки проститутки. Мојот свет се сруши во тој момент

„Се соочив со него и иако тој негираше сè на почетокот, но ми призна дека ме изневерил со проститутка за време на карантинот! Вели дека не е геј или бисексуалец и дека контактирал со мажи затоа што бил љубопитен“.

Додава дека неколку дена подоцна, случајно видела на неговиот компјутер дека долго време разгледувал текстови за СПИ (сексуално преносливи инфекции).

„Не можам да верувам дека по 6 години заедно, тој не ми кажал дека може да има болест што се пренесува преку сексуален контакт. Имам впечаток дека тој ги уништи претходните 6 години“ вели таа.

Сега се прашува дали донела добра одлука што му простила и останале заедно, но не знае дали може да му верува повторно.

Слични Вести
Menu