Ова е најдобрата посна пита од јаболка, вкус кој не се заборава – мерки на чаша

Питата е многу вкусна и едноставна за приготвување, а можете да ја правите по посна или масна варијанта, во зависност од тоа дали ќе користите путер или маргарин.

Чашата која ја користите за мерење на сувите состојки е од 200 мл. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.

Потребни состојки: 2 чаши брашно, 2 чаши пченичен гриз, 2 чаши шеќер, 1 прашок за печиво и 1 ванилин шеќер. За фил: 1-1,5 кг јаболка, 1 ванилин шеќер, цимет по вкус, ½ чаша шеќер и уште ќе ви биде потребно: 150 г путер или маргарин (чашата што се користи за мерење е од 200 мл).

Постапка: сите состојки за тестото помешајте ги во едно (брашно, гриз, шеќер, прашок за печиво, ванилин шеќер), а потоа смесата поделете ја на три еднакви делаови.

Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семки, па потоа изрендајте ги. Помешајте ги со шеќерот и ванилата, а цимет додајте по вкус. И оваа смеса, исто така поделете ја на два еднакви дела.

Тепсијата во која ќе го печете колачот намастете ја со путер или маргарин. Потоа редете: суви состојки па фил, суви состојки – фил и завршете со суви состојки. Одозгора изрендајте путер или исечете го на тенки листови и распоредете го рамномерно.Колачот печете во загреана рерна околу 45 минути на 180 степени. 

Слични Вести
Menu