Мини машина за перење која може да се постави на масa

Веројатно не сте ни свесни до кој степен долна облека и чорапи зафаќаат место во вашата машина за перење.

Кога ќе почнете да пружате алишта за да ги исушите, всушност добивате увид во тоа колку просечно семејство има чорапи и долна облека. Би било идеално кога би постоела машина која би ги перела овие ситни детали, така што не мора да размислувате колку чисти пара чорапи или долна облека имате оставено во фиоката. Всушност, креаторите од компанијата EZVALO создадоа минијатурна верзија на машината за перење само за оваа намена.

02

Нивната цел е да го намалат товарот на вашата класична машина за перење со перење на чорапи и долена облека, создавајќи машина која не зазема многу простор и се грижи вашите омилени чорапи да не се изгубат во класичните циклуси на перење. Името на оваа симпатична машина е NIX и таа е специјално направена за перење и сушење на ситните делови од облеката која ја носите секој ден, користејќи значително помалку вода отколку што е случај со стандардното перење во голема машина.

06

Мини машината за перење има тапан со наклон што овозможува заштеда на вода, додека истовремено оваа иновација им овозможува на корисниците полесно да ги ставаат и вадат алиштата од неа. Покрај тоа, NIX доаѓа со интегриран резервоар за вода, што им дава на корисниците можност да ја постават каде и да им одговара.

04

Покрај вратата, која се одликува со вертикално отварање, NIX може да се пофали со својот футуристички дизајн и елегантната бела и сива боја.

01

Дигиталниот дисплеј е оној кој им овозможува на корисниците да користат сензори за да го изберат посакуваниот циклус на перење. Заедно со елементи како што се заштеда на простор и вода при перење, NIX е машина која совршено одговара на помалите простори за живеење во урбани средини. Оваа мала машина е ваш најдобар пријател во итни случаи, како истурање црвено вино на вашата омилена блуза.

You might also like
Menu