(ФОТО) Ќерката на Мадона ги згрози фановите со својата неиздепилирана пазува

Познатите кога се на сцена се „гланцаат“ во секој поглед, но изненадува како знаат да се појават приватно. Имено се почесто по социјалните мрежи се објавуваат фотографии на познати фаци без шминка, облечени во лежерно издание, но и не издепилирани.

Најнова ваква фотографија објави Мадона. На својот Инстаграм профил таа постираше фотографија со својата ќерка Лурдс Леон. Станува збор за селфи, каде фотограф е ќерката на Мадона. Погледот сакале или не, ни паѓа под пазувата на ќерката, која не е депилирана, а остава впечаток како и воопшто да не се грижи за тоа.

-Како делови од твоето срце да шетаат наоколу, надвор од тебе, напиша Мадона покрај фотографијата.

Oваа фотографија е направена минатата година, на прославата на 62-от роденден на Мадона.

Инаку и популарната и секипилна актека Селма Хаек ги изненади фановите откако се појави на еден настан во неочекувано издание.

Имено таа се појави со маичка од познатиот бренд „Гучи“ и фармерки,но сепак на сите им падна во очи еден друг детаљ.

Како и бројните јавни личности кои не се срамат да ги покажат влакната во јавност, така и фанозите на Селма забележаа дека и таа е една од ѕвездите која одлучила да не се депилира. Таа се појави на настан со неиздепилирани раце, а овој тренд веќе го подржаа Мадона, нејзината ќерка, Мајли Сајрус и уште многу други познати дами.

Иако си дозволи вакво нешто, Селма сепак доби и пофалби за нејзиниот младолик изглед.

Слични Вести
Menu