Додека принцот Хари полета кон Велика Британија за да присуствува на погребот на принцот Филип, папараците активно го фотографираат телохранителот на Меган Маркл.
Според американските медиуми, згодниот телохранител го шетал кучето на парот околу Малибу, додека Меган одмарала дома.

Кучето на Меган, Хари и малиот Арчи по име Пула, ужива во редовни попладневни прошетки во друштво на семејството или на нивните вработени.
Во меѓувреме, принцот Хари пристигнал во текот на ноќта, меѓу неделата и понеделникот од Лос Анџелес во Лондон за да присуствува на погребот на неговиот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, на 17 април.

Војводата од Сасекс бил снимен од новинарите од таблоидот „The Sun“ како се симнува од летот – Лос Анџелес – Лондон во 1.15 часот по лондонско време.
Извор: Слободен печат