Ова се најмладите милјардери во светот

Повеќето од нас не очекуваат дека некогаш ќе заработат милијарди долари. Но Кевин Дејвид Леман од Германија има милијарди на само 18-годишна возраст. Овој тинејџер „тежи“ 3,3 милијарди долари и моментално е најмладиот милијардер во светот.

Леман го наследил своето богатство од неговиот татко, Гентер Леман, кој има удел во германскиот синџир на продавници „Дм“. Компанијата била основана во 1974 г. Леман и неговиот татко не се многу вклучени во работата на компанијата и не се знае многу за нив. Синот ги добил акциите во компанијата кога имал 14 години, иако официјално го наследил богатството кога наполнил 18 години.

На второто место на листата со најмлади милијардери се наоѓа 24-годишниот Ванг Зилонг од Кина (1,5 милијарда долари), додека норвешките сестри Александра Андресен, која има 24 години, и Катарина Андресен, на 25 години, се наоѓаат на третото и четвртото место бидејќи секоја од нив има 1,4 милијарда долари.


Извор: luxurylaunches.com

Слични Вести
Menu