Нарачала венчаница преку интернет, ја чекала 3 месеци, а ќе се насмеете кога ќе прочитате што добила

Дали често купувате облека преку Интернет, ако да – тогаш колку често и дали ви се случило она што сте го добиле да не исто како на фотографијата?! Една корисничка на Тик Ток имала, малку е да се каже, шокантно искуство.

Имено, девојката на венчавката сакала да носи уникатна венчаница, па преку интернет нарачала еден малку поекстравагантен модел и тоа за само 39 евра. Но кога и стигнала пратката останала во шок.Во описот пишува дека фустанот е црн без ракави, со цветен ремен, но оној кој и стигнал дома ниту наликува на него. Додуша има црна боја и цветови, но ни приближно распоредени како во описот.„Си добила еден мошне отмен костим за капење“, стои во еден од коментарите под видеото кое брзо станало вирално.

Menu