Идентичните близначки Ана и Луси де Синк се познати како „најсличните близначки на светот“ и споделуваат сè, а неодамна во австралиското ТЛЦ шоу „Екстремни сестри“ открија дека двете очајно сакаат да стапат во брак со момче, но австралискиот закон не дозволува.
– Од рана возраст, имаме договор дека ќе се омажиме за ист човек и дека и двете ќе имаме деца со него, се надевам во исто време – објасни Луси, која живее со нејзината идентична близначка Ана и нивното заедничко момче Бен Брн неколку години. И мајката на споменатите жени живее со нив.
– Споделувањето момче за нас значи дека ќе бидеме заедно засекогаш – додаде таа и објасни дека никогаш нема љубомора меѓу нив затоа што „кога Бен ќе ја бакне Ана, веднаш ќе ме бакне и мене“, рече Луси.
Сестрите кои живеат во Перт во Западна Австралија велат дека се запознале со автомеханичарот Бен уште во 2012 година, и двете веднаш се заљубиле.
„Бевме искрени со него и му рековме дека може да нè има и двете или ниту една затоа што доаѓавме во пакет“, рече Луси, а Бен, се разбира, не се спротивставил.
Тие знаеја, додаде Ана, дека повеќето момци имаат „забавна“ врска со близначките, па мораа да се осигураат дека тоа не е случај со Бен.
Откако сите излегуваа заедно некое време, Бен го поминал нивниот тест и една година подоцна се преселил кај неговите две девојки и нивната мајка, пренесува „The Sun“
– Со нас се однесува точно исто. Ако ја бакне Ана, ме бакнува веднаш после тоа и нè држи за раце и двете кога сме надвор – објасни Луси, која вели дека сите тројца спијат во ист кревет, но и двете сепак имаат секс одделно со Бен .
Полигамијата беше забранета во Австралија со законот за брак во 1961 година, па сестрите сигурно ќе живеат во грев со Бен уште некое време.