Индијката Палвиндер Каур од индиската држава Пенџаб го тужи принцот Хари за ветување за брак и побарала од судот да нареди негово апсење.
Откако ја прашале на суд дали некогаш била во Велика Британија, таа одговори дека не, но наводно разговарала со принцот Хари на социјалните мрежи, пишува НДТВ.
„Оваа тужба не е ништо друго освен фантазија за венчавање со принцот Хари. Тужбата, многу слабо составена, полна со граматички грешки и незнаење на законот, зборува само за некои мејлови меѓу тужителката и принцот Хари, во кои лицето кое ги испраќало мејловите ветува дека наскоро ќе ја земе за жена “, рече судијата Арвинд Синг Сангван.
„Постои голема шанса овој наводен принц Хари да седи во некое интернет кафе во село во Пенџаб и да се преправа дека е некој што навистина не е“, додаде тој, нагласувајќи дека судот може да жали само за тужителката затоа што таа верувала во лажните меилови.